Галатасарај се шегува со Ливерпул: Вашето единствено чудо во Истанбул се случи во 2005 година

Галатасарај синоќа го направи едно од најголемите изненадувања во второто коло во Лигата на шампионите. Турскиот гигант го совлада англискиот првак Ливерпул со 1-0, со голот на Виктор Осимен од пенал во првиот дел.

Тимот од Истанбул се пошегува со тимот на Ливерпул пред почетокот на мечот, алудирајќи на европската титула во 2005 година освоена токму во Истанбул, кога Ливерпул се врати од 3-0 негатива од Милан, и на крајот успеа да дојде до пехарот.

„Вашето единствено чудо во Истанбул и натаму останува во 2005 година“, стои во објавата на турскиот тим.

Постот на Галатасарај може да го погледнете ТУКА.

Профил на Галатасарај на англиски јазик исто така се пошегува со англискиот тим. „Никогаш нема да одите сами, но понекогаш си одите без бодови“, стои во постот на Галатасарај.

Се вчитува...