Гана во 95. минута до триумф над Панама (видео)

Гана по голема битка успеа да лави над селекцијата на Панама со 1-0, за победнички старт на овој светски шампионат. Селекцијата предводена од Карлос Квеирош се мачеше да го скрши отпорот на гостите, за конечно да успее во тоа во петтата мннута од судиското продолжение.

Се почна од една опасна акција на Панама, по што африканската селекција ја зеде топката, тргна во противнапад кој стана максимално сериозен кога Асанте го мина својот ривал по левата страна и втрча во шеснаесетникот.

Асанте потоа одлично асистираше до Јиренкји, кој немаше тешка задача од три-четири метри да ја смести топката во мрежата.

Гана во следното коло ќе се сретне со селекцијата на Англија, додека Панама за противник ќе ја има Хрватска.

Се вчитува...