Гаскоњ: Никогаш нема да престанам да пијам

Славниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ откри интересни детали од неговиот живот и борбата која ја има со алкохолизмот.

Поранешниот голгетер кој во текот на кариерата ги тресеше мрежите настапувајќи меѓу останастите и за Њукасл Јунајтед, Тотенхем, Лацио и Евертон изјави дека не знае како да се промени и дека мисли дека ќе го напушти овој свет како „Газа“

„Не можам да се променам, не знам како да го сторам тоа. Веројатно ќе умрам како „Газа“. Немам што да кријам. Целата држава знае што правев и не се гордеам со тоа.

Пиев зашто сакав да пијам. Потоа, жалев за последиците, но најмногу ми беше криво што ги повредив родителите и семејството. Мајка ми и татко ми зборуваа мудри работи – дека најмногу се повредувам лично себе“, изјави Гаскоњ.

Се вчитува...