Гасперини: Имав коронавирус на мечот со Валенсија во ЛШ, се чувствував ужасно

Тренерот на италијанскиот калчолигаш Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ја потврдува тезата дека дуелот со Валенсија во Лигата на шампионите бил темпирана бомба за ширење на коронавирусот во Италија, а потоа и во Шпанија. Тој вели дека и самиот најверојатно бил заболен од Covid-19 во тие моменти, а морал да го води тимот на најважниот натпревар во клупската историја.

„Се чувствував многу лошо тој ден, а како што се наближуваше вечерта ми беше се полошо. Воопшто не се чувствував добро, всушност беше ужасно. Ако го погледнете видеото ќе забележите дека постојано седев на клупата. Беше на 10 март, а наредните две ноќи воопшто не спиев. Помислува и јас да одам во болница, но едноставно не можев, затоа што си велев дека имам многу работа. Следниот ден ручавме со тимот и донесоа шампањ, а јас не го почувствував вкусот откако се напив. Ми делуваше како вода, едноставно го загубив чувството за вкус. Но, немав зголемена телесна температура. Потоа, направив тест и тој покажа дека сум позитивен на Covid-19. Јасно е дека сум го имал вирусот во себе во тој период. Сега сум веќе имунизиран, имам антитела во организмот“, изјави Џанпјеро Гасперини за италијанските медиуми.

Бергамо беше еден од епицентрите на пандемијата на коронавирусот во Италија, а експертите сметаат дека осминафиналниот меч од ЛШ меѓу Аталанта и Валенсија на „Сан Сиро“ беше погубен за многу луѓе кои починаа.

Се вчитува...