Гасперини: Италија се промени преку ноќ

Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини изјави дека Италија поради коронавирусот преку ноќ се променила и дека се многу тажни поради прекинот на Серија А.

„Се вративме од Шпанија каде игравме против Валенсија во Лигата на шампионите околу четири часот наутро. Бидејќи веднаш после натпреварот заминавме за Италија бевме уморени и ненаспани. Сепак, веднаш по слетувањето уште на аеродромот можевме да воочиме голема промена во однос на денот кога заминавме за Шпанија. И кога тргнавме беше епидемија, но не во толкав облик. Ситуацијата од ден во ден е се полоша“, изјави Гасперини. 

Аталанта за првпат во својата историја се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите, откако во осминафиналниот двомеч беше подобра од шпанската Валенсија.

Се вчитува...