Гасперини уверен: Скудетото е реална цел за Рома

Тренерот на Рома , Џан Пјеро Гасперини, ги повика навивачите на својот тим да продолжат да сонуваат за Скудетото. Рома се искачи на врвот на табелата во Серија А заедно со Интер, при што двата тима досега имаат по осум победи и три порази. Резултатите ги надминаа очекувањата по доаѓањето на нов тренер и големите промени во тимот во текот на летото.

Рома под водство на Клаудио Раниери беше многу блиску до четвртата позиција минатата сезона, и тоа е целта и оваа сезона, меѓутоа Гасперини вели дека нема да ги спречи навивачите да ги подигнат на повисоко ниво своите очекувања.

„Секој може да сонува“, рече Гасперини и додава:

„Играчите со својот став и однесување покажуваат дека верваат во секој натпревар. Ние сме само на почеток на патот“, рече искусниот тренер.

Се вчитува...