Среќата не му беше наклонета на Наполи на денешната ждрепка за осминафиналето од Лигата на шампионите, откако тимот на нашиот Елиф Елмас за противник ја доби Барселона.
Овој двомеч ќе биде тренерско деби за Џенаро Гатузо во елитното европско натпреварување, а новиот стратег на Наполи истакна дека очекува храбра игра од своите избраници против каталонскиот гигант.
„Јасно е дека Барселона е голема екипа, очекувам две одлични средби во кои навивачите ќе уживаат. Едно е сигурно, ќе играме против Барса без страв“ – гласеше првата изјава на Гатузо по денешната ждрепка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА