Федерико Кијеза повторно го одби повикот на италијанската репрезентација за настап во квалификациите, овој пат за ноемвриските кои се последни пред Светското првенство.
Италијанецот игра одлично во дресот на Ливерпул и би бил одлично „засилување“ за Италија на Џенаро Гатузо, но и овој пат нема да се најде на теренот меѓу сонародниците за средбите против Молдавија и Норвешка.
„Ова е четврти или петти пат да ја објаснувам ситуацијата. Често разговарам и имам разбирање на одлуките и проблемите со кои се соочува секој од нас. Морам да ја почитувам одлуката на фудбалерот“, изјави селекторот Гатузо.
Последниот настап на Кијеза за репрезентацијата на Италија беше на Европското првенство во 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

