Гатузо: Донарума не е чудовиште, максимално ќе го заштитам

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, јавно застана во одбрана на младиот голман Џанлуиџи Донарума, кој се наоѓа во фокусот на вниманието во Италија, во пресрет на зимскиот преоден рок. Иако потпиша нов договор со Милан, неговиот агент Мино Раиола, се обидува да го поништи и да го продаде за баснословна сума во Пари Сен Жермен или во Реал Мадрид. Но, тоа предизвика реакција од тифозите на Милан, кои на синоќешниот куп – натпревар против Верона извадија транспарент и му порачаа на Донарума дека може да си замине, затоа што нивното трпение завршило.

poraka za donaruma

„Го направија Донарума чудовиште, но тој не е виновен за ништо. Едноставно е одличен голман, и сите во него гледаат златна кокошка. Ја видов реакцијата на навивачите, но јас максимално ќе застанам зад Џанлуиџи и ќе го заштитам. Тој е иднината на Милан и на италијанскиот фудбал. Сега преживува тешки мигови. Не е убаво да бидете предизвикани од сопствените навивачи. Милан веќе изјави дека нема намера да го продаде и мислам дека тука треба да заврши секоја дискусија“, изјави Џенаро Гатузо.

 

Се вчитува...