Гатузо: Навикнат сум да ме менуваат секој ден од клупата на Милан

Милан доби нов сопственик и нов спортски директор, Бразилецот Леонердо, а се погласни се најавите дека пред почетокот на сезоната во Серија А ќе добие и нов тренер. Наводно, Џенаро Гатузо е на „тенок мраз“, а Антонио Конте треба да го преземе кормилото на „росонерите“. Но, Гатузо не е премногу загрижен.

„Искрено, навикнат сум на ваквите муабети. Мене ме менуваат секој ден, откако седнав на клупата на Милан. Тоа е можеби и нормално, многу луѓе посакуваат да бидат на моето место. Милан е голем клуб и секогаш е предизвик да се работи овде. Но, се додека јас ја имам одговорноста, ќе работам максимално и со голема желба да оствариме успеси“, изјави Џенаро Гатузо.

Последните информации се дека Леонардо Бонучи заминува од Милан и се враќа во Јувентус, а на „Сан Сиро“ треба да пристигнат Гонзало Игуаин и Матија Калдара.

Се вчитува...