Гатузо не можел да спие по изгубените бодови во Беневенто

 Новиот предводник на Милан Џенаро Гатузо истакна дека не можел да спие по вчерашниот натпревар со Беневенто во кој домаќините извлекоа реми во 96. минута. Беневенто сензационално ги запиша првите бодови во Серија А, поточно бодот, откако нивниот голман Андреа Брињоли со постигнатиот гол во последните секунди од средбата му го расипa дебито на Гатузо како тренер на „росонерите“.

„Многу сум разочаран, не можев да спијам цела ноќ, константно ми се вртеше во глава натпреварот. Се уште се прашувам како толку лошо го започнавме мечот, се виде дека не играме како што треба. Примениот гол во последната секуна многу боли, видов дека тимот пати во тешки моменти, но тоа ќе ни се одрази позитивно со тек на време. Така ќе го зацврстиме нашиот карактер. Сигурен сум дека оваа екипа може  да игра многу подобро, да понуди многу повеќе, имаше доста работи кои не ги направивме како што треба, но морам да признаам дека желбата за победа ни беше на високо ниво. На демешниот тренинг видов многу лути и исфрустрирани лица, се уште ги засега фактот дека испуштивме три бода на замиот крај. Нормално е да кажете дека не ни оди добро кога ќе не видите како играме, но верувам во посветеноста на играчите, само ни треба време да почнеме да играме како што треба“, истакна Гатузо.

 

Се вчитува...