Гатузо пред отказ, Донадони ќе седне на клупата на Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан сериозно размислува за промена на тренерот Џенаро Гатузо. По поразот во градското дерби со Интер (0-1), раководството на клубот веќе го контактирало Роберто Донадони, кој треба да пристигне на „Сан Сиро“ и да се обиде да го крене тимот, кој очајно ја стартуваше новата сезона во Серија А, иако на стартот најави амбиции и за пласман во Лигата на шампионите.

На Милан му следуваат натпреварите против Бетис во Лигата на Европа, и против Сампдорија во Калчото, и доколку Гатузо не успее да го врати победничкиот дух, речиси сигурно ќе добие отказ.

 

 

 

Се вчитува...