Гатузо: Сакам да бидеме убави како Бред Пит кога имаме топка и грди како мене кога се браниме

Наполи славеше против Торино со 2-1 во синоќешниот меч од Серија А, Елиф Елмас доби шанса во завршницата од дуелот, а тренерот Џенаро Гатузо даде легендарна изјава како би сакал да изгледа неговиот тим во иднина.

„Како сакам да игра Наполи? Едноставно е. Сакам да бидеме убави како Бред Пит кога ја имаме топката, но и сакам да бидеме грди како мене и да „гриземе“ како кучиња кога ќе се вратиме во одбрана. Ако тоа го постигнеме, тогаш ќе бидеме Наполи на Џенаро“, изјави тренерот на „наполитанците“.

Напчоли нанижа три победи во низа во Серија А и се искачи на шестата позиција на табелата, но голем дел од екипите имаат одиграно помалку натпревари поради одложувањата што ги предизвикаа мерките за безбендост од коронавирусот.

Се вчитува...