Со многу емоции тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо го прослави пласманот на Наполи во финалето на Копа Италија посветувајќи го на неговата сестра која почина по кратко боледување на почетокот од овој месец.
„Сакам да се заблагодарам на целиот фудбалски свет за поддршката. Беше тешко. Финалето го посветувам на моето семејство, родителите и мојата сестра. Сите ја сакаваме многу, ќе ни недостига многу“ – вели Гатузо.
Околу пласманот во финалето потенцира дека сето тоа е резултат на тимот кој премногу го посакувал овој успех…
„Примивме луд гол на почетокот, но не беше виновен Оспина затоа што лошо се позициониравме на корнерот. Сепак, издржавме низ мечот, одигравме тимски иако мора уште многу да работиме на агресивноста. Најважно е што момците веруваат во тоа што го работиме и го даваат максимумот“ – вели Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА