Гатузо среќен поради добрата форма на Италија: Ми се допаѓа желбата на играчите

Селекторот на италијанската репрезентација Џенаро Гатузо го оцени својот старт како селектор на Италија. „Азурите“ под негово водство ги добија сите четири меча под негово водство, и со тоа ја продолжуваат трката за првото место со Норвешка во квалификациите за пласман на Светсткото првенство во 2026 година.

На прашањето што најмногу го израдувало во овие четири меча, Италијанецот потенцираше дека тоа е големата желба на играчите.

„Ми се допаѓа желбата на момците да работат напорно. Секогаш тренираат до крајни граници и почнуваме добро да се сложуваме. Се обидуваме да правиме одредени работи и понекогаш успеваат, понекогаш не. Нападот одлично ја врши работата. Имаме 16 постигнати голови, но исто така сме одлични и во дефанзива. Згора на тоа менталитетот на тимот кој знае да се бори. Направивме многу добри работи и треба да бидеме среќни“, рече Гатузо.

Се вчитува...