„Ѓаволите“ го смирија Арсенал

Манчестер јунајтед ја забележа 11.победа во Премиер – лигата оваа сезона, славејќи во дербито на „Емирати“ против Арсенал со 1-3. Тимот на Жозе Мурињо, иако во последните 15 минути играше со играч помалку поради исклучувањето на Пол Погба, но „црвените ѓаволи“ претходно обезбедија убава предност.

Антонио Валенсија и Џеси Лингард го шокираа составот на Венгер со два гола по само десетина минути игра, а потоа беше многу полесно за Манчестер јунајтед. Александре Лаказет намали на 1-2 во 49.минута, но потоа следеше уште еден гол на Лингард, за конечен триумф на гостите.

Се вчитува...