„Ѓаволите“ се престрашни за Виган во ФА купот

Манчестер јунајтед на убедлив начин се пласираше во следната рунда од ФА купот, откако на „Олд трафорд“ го совлада Виган, тимот од Чемпионшип дивизијата со 4-0. „Црвените ѓаволи“ беа доминантни на овој меч, иако Виган добро се држеше во првите четириессетина минути. Фелаини го разби нивниот бункер во 44.минута, а потоа беше полесно за избраниците на Жозе Мурињо.

Смолинг на почетокот на вториот дел зголеми на 2-0, а до крајот стрелаа и Мхитарјан и Швајнштајгер, кој за првпат беше стартер оваа сезона.

All Goals & highlights HD – Manchester United 4… by Live1Goals

Нисколигашот Сатон направи сензација елиминирајќи го Лидс со триумф од 1-0, а Милвол го победи Вафторд со идентичен резултат. Испадна и Хал сити, откако загуби со 4-1 на гостувањето кај Фулам.

Се вчитува...