„Ѓаволите“ убедливи против Астон Вила

Манчестер Јунајтед лесно ја совлада Астон Вила на гости со 0-3 и се доближи на само еден бод негатива до Лестер кој е на позиција која води во Лигата на шампионите. Тоа е четврти последовен триумф на „ѓаволите“ и тоа изразен со најмалку три гола разлика во однос на противникот.

Резултатот го отвори Бруно Фернандеш од пенал во 27.минута, а пред самиот истек на првото полувреме погоди и младиот Гринвуд.

Пол Погба со прецизен удар од 20 метри го постави конечниот епилог во 58.минута, а тимот на Оле Гунар Солскјер имаше уште неколку одлични шанси и за поубедлива победа.

Се вчитува...