„Газда Перез“ неочекувано влета во соблекувалната и им одржа лекција на фудбалерите на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа повторно ги разочара своите навивачи бидејќи освои само бод на гостувањето кај Бетис, а сега има дури девет бода помалку од лидерот Барселона. На кралскиот клуб синоќа му беше потребна само победа за да го задржи чекорот со првопласираната Барселона, која на домашен терен ја победи Валенсија со 1-0.

Шпанските медиуми пишуваат дека по натпреварот било многу тензично и во соблекувалната на Реал Мадрид, бидејќи било јасно колку играчите се незадоволни што не успеале да најдат пат до мрежата на Бетис и да стигнат до победа.

Карло Анчелоти исто така беше многу лут бидејќи ова е второ реми по ред за Реал Мадрид и тоа јасно им го покажа на играчите. Сепак, никој не очекуваше дека ситуацијата ќе ескалира во соблекувалната каде по мечот се појави и Флорентино Перез.

Претседателот на Реал Мадрид беше видно лут и разочаран што неговиот клуб не успеа да победи и реши по натпреварот да се симне во соблекувалната за јасно и гласно да им каже на тренерот и играчите на кралскиот клуб дека тимот не оди во вистински правец.

„АС“ пренесува дека Перез неочекувано дошол во соблекувалната на Реал Мадрид и одржал говор пред играчите и дека го покажал своето незадоволство од нивните резултати во домашното првенство.

Исто така се наведува дека Перез е разочаран од Анчелоти и дека се повеќе се шпекулира дека италијанскиот стручњак ќе добие отказ на лето. Од клубот се надеваат дека тој самиот ќе си поднесе оставка на крајот на сезоната бидејќи Перез јасно ставил до знаење дека не е задоволен од резултатите.

Незадоволството на претседателот на Реал започна со поразот во финалето на Суперкупот од Барселона, додека расположението успеа максимално да се подигне со победата во Лигата на шампионите над тимот на Ливерпул.

Сепак, следеше реми во градското дерби против Атлетико Мадрид и пораз од Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот.

Се вчитува...