Газдата на ПСЖ: Или ќе го купиме „Паркот на принцовите“, или заминуваме

Претседателот на ПСЖ Насер Ал Келаифи одговори на шпекулациите дали Катарскиот инвестициски фонд планира да го продаде клубот во следно време.

Ал Калифи кажа дека тоа не е вистина, но дека ќе се продадат дел од удделот.

„Ме прашаа неодамна дали ќе го продадеме клубот после Светското првенство. Одговорив дека тоа не е вистина. Што се однесува до вложувањата и развојот на клубот, ако треба да продадеме 5, 10 или 15% од удделот, зошто да не. Искрено има многу заинтересирани за нашиот клуб. Ние гледаме во два правци – кон добар инвеститор и стратешки партнер. Особено ова второво. Ако се најде некој да ни помогне да го подобриме клубот, зошто да не разговараме“, рече Ал Калифи.

Тој призна дека клубот имал загуби од 370 милиони евра минатата сезона поради ковид кризата.

„Пред ковид кризата имавме 50 милиони евра плус и претходно 30 милиони. Клубовите за време на кризата претрпеа многу. Не само со нас, туку и со повеќе клубови. Немавме публика на стадионите, плаќавме многу големи трошоци, дури можеби повеќе од другите тимови“, рече тој.

Следна тема за Ал Калифи е купување на стадионот „Паркот на принцовите“ од градот, и планирано е истиот да се зголеми и да стане со капацитет од 80.000 места (во моментов има 48.000).

„Купувањето на стадионто е логично во економска смисла. Не е исто дали ќе имате свој стадион или не. Ме обвинуваат дека си поигрувам, но јас никогаш не го правам тоа. Го сакам тој стадион и мислам дека градската управа разбираат дека ние ќе останеме тука засекогаш, но во вакви услови не можеме да соработуваме. Технолошки стадионот многу заостанува од другите. ПСЖ нема стадион што може да достигне високо ниво. Навивачите да се поблиску до теренот, веројатно ќе постигнуваме 6-7 голови по меч. Распродадени се последните 100 натпревари дома и потребно ни е повеќе капацитет. Не сакаме и ние да го напуштиме стадионот, но немаме избор. Треба добро да размислат. Веќе вложивме 80 милиони евра во стадионот, но луѓето од градот ништо не направија. И ако не ја прифатат нашата понуда, ќе заминеме Не се закануваме, само ќе се ракуваме, ќе се заблагодариме на се и ќе си заминеме и ќе направиме нов стадион“, рече Ал Калифи.

Се вчитува...