Газдата на ПСЖ по пласманот во полуфинале на ЛШ: Нејмар и Мбапе остануваат во клубот!

ПСЖ со неверојатен пресврт во последните три минути од натпреварот славеше против Аталанта со 1-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Сето тоа донесе огромна радост меѓу фудбалерите и стручниот штаб, но и кај првиот човек на клубот Насер Ал-Келаифи.

Ал-Келаифи по мечот мораше да даде одговор и на прашањето поврзано со останувањето во клубот на најголемите две ѕвезди, Нејмар и Мбапе.

„Дали ќе го продолжиме договорот со Нејмар? Секако, и со него и со Мбапе. Ниту еден од нив двајца нема да продадеме“ – кратко и јасно одговори газдата на ПСЖ.

Сето тоа, во голема мера значи дека Барселона и останатите европски гиганти полека може да се откажуваат од обидите за доведување на Нејмар и Мбапе.

Се вчитува...