Гехи бара повеќе пари за да потпише за Ливерпул

Ливерпул е во очајничка потрага по нов дефанзивец, прва желба на актуелниот англиски првак се уште е Марк Гехи, но преговорите со капитенот на Кристал Палас се искомпликуваа по зголемените финансиски барања на самиот фудбалер.

Гехи беше на чекор до „Енфилд роуд“ во последниот ден од летниот преоден рок, но трансферот пропадна откако Палас се премисли бувкално во „пет до 12“, по што англискиот репрезентативец остана во лондонскиот премиерлигаш. Тој ќе биде слободен играч на крајот од сезонава, но на Ливерпул не му се чека и сака да го доведе веќе во јануари.

Сепак, трансферот нема да биде така лесен за реализација откако фудбалерот веќе најавил дека нема намера да ја прифати истата понуда од минатото лето. Гехи верува дека покажал сериозен напредок во последните месеци, како на клупски така и на репрезентативен план, во меѓувреме понуди најавија и Реал Мадрид и Баерн Минхен, па логично е што пораснаа и апетитите на дефанзивецот.

Агентите на Гехи до крајот на месецов ќе имаат и официјален состанок со Ливерпул на кој ќе се дискутира за конкретни бројки, по што ќе биде јасно дали „црвените“ ќе ги исполнат барањата на овој дефанзивец или ќе ги насочат погледите кон други имиња на пазарот.

Се вчитува...