„Гемиџии“ со хуманитарна помош за најзагрозените (ФОТО)

Навивачката група „Гемиџии“ донираа основни намирници на две семејства од Гостивар пресрет најголемиот христијански празник Велигден.

„Немаме многу, но колку што можеме ќе одвоиме за нашите браќа и сестри. Денес дониравме основни намирници на две семејства од Гостивар кои имаат потреба од тоа и ќе се потрудиме колку што можеме повеќе да помогнеме на вакви семејства“, стои на официјалната страна на „Гемиџии“.

 

Се вчитува...