Гендузи трагичар, Панатинаикос го елиминираше Марсеј од ЛШ (ВИДЕО)

Грчки Панатинаикос се пласираше во плеј-оф фазата во квалификациите од Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен по изведување на пенали славеше над Олимпик Марсеј со 5-3.

Французите до брзо водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Пјер Ерик Обамејанг уште во 2. минута од натпреварот. Истиот фудбалер во судиското надополнување од првиот дел зголеми на 2-0. И кога сите го очекуваат крајот на мечот, еден од најконтроверзните судии во историјата, Мајкл Оливер по сугестија на ВАР собата се одлучи поради играње со рака на Гендузи да свири пенал за гостите кој успешно го реализираше Фотис Јоанидис (2-1) и го одведе мечот во продолженија.

Откако немаше голови во продолженијата, натпреварот замина во изведување на пенали. Таму повторно трагичар беше Гендузи кој го промаши првиот пенал за својот тим, па на крајот Панатинаикос славеше со 5-3.

Marseille 2-0 Panathinaikos [2-1 on agg.] – Pierre-Emerick Aubameyang 45’+1′
by u/Meladroitaubut in soccer

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛО: 

АРИС ЛИМАСОЛ – РАКОВ (1-2)  0-1

МАКАБИ ХАИФА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА (2-1) 3-1

МОЛДЕ – КЛАСВИК (1-2) 2-0

СПАРТА ПРАГА – КОПЕНХАГЕН (0-0) 3-3 (ПЕНАЛИ: 2-4)

ДИНАМО ЗАГРЕБ – АЕК 1-2

ГАЛАТАСАРАЈ – ОЛИМПИЈА ЉУБЉАНА (3-0) 1-0

ТСЦ БАЧКА ТОПОЛА – БРАГА (0-3) 1-4

СЕРВЕТЕ – РЕНЏЕРС (1-2) 1-1

ШТУРМ ГРАЦ – ПСВ АЈНДХОВЕН (4-1) 1-3

МАРСЕЈ – ПАНАТИНАИКОС (0-1) 2-1  (ПЕНАЛИ:

*Во заграда се резултатите од првите мечеви! 

Се вчитува...