Генсхајмер: Нема да биде лесно, сите ќе имаат повеќе навивачи од нас во Загреб

Германија како носител на групата и како актуелен европски шампион важи за фаворит во пресрет на стартот на возбудувањата во групата Ц во Загреб од Европското Првенство што во јануари ќе се одржи во Хрватска. Сепак, германските ракометари се умерени во изјавите по ждребот, свесни дека фаворитската улога ќе мора да се оправда на теренот.

На ЕП нема лесни противници, тоа ни беше јасно уште пред ждрепката. Сигурно е дека сите три ривали, Македонија, Словенија и Црна Гора, ќе играат со огромна поддршка од трибините во Загреб. Тоа ќе ни ја отежни задачата и дефинитивно ќе мораме да играме најдобро што знаеме за да го оствариме посакуваниот резултат“ – истакна најдобриот германски ракометар Уве Генсхајмер.

Второто крило на Германија, Патрик Грецки, со голем респект гледа на нашиот национален тим, пред се поради присуството на Кире Лазаров.

Словенија е силна репрезентација, но имаме добри спомени од дуелите со Словенци. Македонија сигурно е многу опасна, бидејќи го има Кире Лазаров, кој е играч од светска класа. Црногорците се „непознаница“, мораме да бидеме претпазливи, но јас сум оптимист“ – порача Грецки.

Се вчитува...