Георгиевски: Мора да бидеме задоволни, но Романија не е безопасна

Гоце Георгиевски веќе неколку сезони е дел од романскиот шампионат откако по настапите во француски Тулуз реши кариерата да ја продолжи во дресот на ЧСМ Букурешт. Со самото тоа, десното крило на нашиот национален тим е добро запознаено и со квалитетите на романската репрезентација, за која смета дека не е за потценувањње, но и дека Македонија би требало да се квалификува на претстојниот мундијал што во јануари 2019 ќе се одржи во Данска и во Германија.

„Романија е една земја во која машкито ракомет е во сенка на женскиот, иако во последните години имаа сериозно вложувања, за што доволен доказ е поставувањето на Чави Пасквал, тренерот на Барселона, за селектор на националниоот тим. Тоа доволно говори за нивните амбиции, да одат чекор напред, на минатите квалификации за малку не отидоа на ЕП и сега сигурно ќе бидат максимално мотивирани за дуелите со нас. Севкупно гледано, мораме да бидеме задоволни од ждрепката бидејќи можевме да добиеме и многу посилна репрезентација. Се ќе зависи од нас, ако одиграме на посакуваното ниво ќе успееме да се квалификуваме за светскиот шампионат во 2019 година“ – изјави Гоце Георгиевски за ЕКИПА.

Првата средба ќе се игра во Скопје во периодот од 8 до 10 јуни, а реваншот ќе го играме на гостински терен, во периодот од 12 до 14 јуни.

Се вчитува...