Георгиевски: Патуваме во Сегедин без „бело знаме“, се надевам среќата сега ќе биде на наша страна

Ракометарите на Вардар во 7. коло од Лигата на шампионите ќе му гостува на Пик Сегед. Избраниците на Веселин Вујовиќ сакаат да ја прекинат серијата од три порази во елитното натпреварување откако загубија во мечевите против Монпелје, Алборг и Кил.

Десното крило на „црвено-црните“ Гоце Георгиевски вели дека играат против добро познат противник и се надева дека овојпат среќата ќе биде на нивна страна.

„Не очекува тежок противник со кого многу добро се познаваме. Минатата сезона одигравме два тесни меча со нив кои ги загубивме. Мислам дека и сезонава ќе бидат неизвесни натпревари. Се подготвуваме за нив. Одиграа добар натпревар против Веспрем посебно во одбраната. Одиме таму да се надигруваме и без „бело знаме“. Знаеме какви квалитетни поединци имаат. Секогаш играат против нас со посебен мотив и се надевам дека овој пат ќе не посака среќата“, изјави Георгиевски. 

Мечот кој ќе се игра во Сегедин е закажан за в четврток со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...