Георгиевски против светскиот шампион на стартот на ЛОИ во Токио

Најдобриот македонските таеквондист и знаменосец на Македонија на игрите во Токио, Дејан Георгиевски немаше среќа во ждрепката за олимпискиот турнир во категоријата до 80 килограми.

Имено Георгиевски во првото коло ќе се сретне со актуелниот светски шампион, Рафаел Алба од Куба. Првата борба на Георгиевски на игрите во Токио е на 27. јули во 03 часот и 15 минути по македонско време.

 

 

Се вчитува...