Георгиевски: Во Токио освоив сребро, во Париз одиме на златен медал

Освојувачот на сребрениот медал на Летите олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски се заблагодари на целиот тим и јавноста за поддршката која ја доби во Токио и уште еднаш најави дека веќе се почнати подготовки за игрите во Париз и напад на златниот медал.

„На цела Македонија сакам да и се заблагодарам, но и на целиот тим кои бевме во Токио. Развивме големи пријателства сите спортисти меѓу нас. Најавивме дека одиме на медал и тоа го остваривме. Веќе емоциите легнаа и се подготвуваме за следните натпреварувања. Веќе собираме поени за следните олимписки игри во Париз. До крајот на годината не очекува и Светското првенство во Кина“, вели Георгиевски.

Се вчитува...