Георгина пушти солзи-радосници за својот херој

Емотивно беше вечерва во Торино, откако Јувентус за првпат во клупската историја успеа да се врати од два гола негатива во еден европски двомеч и се пласираше меѓу најдобрите осум екипи на Стариот континент.

Херојот беше Кристијано Роналдо, кој впрочем единствен гласно пред натпреварот зрачеше со оптимизам, најавувајќи го чудото што вечерва се случи на теренот.

Трите гола се само уште еден доказ зошто тој важи за еден од малкумината бесмртници во историјата на фудбалската игра, неговиот син „лумпуваше“ на трибините, додека вереницата Георгина Родригез не можеше да ги скрие солзите откако Кристијано го комплетираше хет-трикот.

Се вчитува...