Герет Бејл подготвен за преселба на „Олд Трафорд“?

Велшкиот интернационалец Герет Бејл и понатаму е огромна главоболка за раководството на Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан. Се бара решение за негово заминување од клубот, а фудбалерот едноставно не сака да се откаже од огромната плата. Бејл во „кралскиот клуб“ заработува 600.000 фунти неделно.

Решението може да го понуди Манчестер Јунајтед. Како што најавува „Кадена Сер“, Герет Бејл конечно е подготвен да се пресели на „Олд Трафорд“. Би заминал како позајмен играч за претстојната сезона, а Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед би ги поделиле трошоците околу неговите финансиски примања.

Оле Гунар Солскјер има потреба од крилен играч, клубот влезе во преговори со Интер и за Иван Перишиќ, но секако дека доаѓањето на Герет Бејл би било одличен потег за „црвените ѓаволи“. Со него во составот, Манчестер Јунајтед би можел да ги наметне аспирациите и за освојување на шампионската титула во Премиер – лигата.

 

Се вчитува...