Потрагата што „Скај Спортс“ ја организираше за да се најде Гери Невил заврши успешно, па англискиот аналитичар конечно се појави во јавноста, за првпат по шампионската титула на Ливерпул. Невил како повеќекратен англиски првак со Манчестер Јунајтед не ја крие омразата кон тимот од „Енфилд“, но овојпат беше принуден да им честита на Јирген Клоп и неговите избраници на перфектната сезона.
Според Невил, токму Клоп е најзаслужниот за неверојатниот развој на Ливерпул во последните неколку сезони.
„Освојувањето на секој трофеј е успех сам по себе. Ливерпул напредуваше од година во година, лани беа толку блиску, а годинава мораа да бидат перфектни во трката со Манчестер Сити. Јирген Клоп направи чудо, кога дојде пред четири години беше речиси невозможно да се бори за титулата. Клоп претвори играчи од по 30 милиони да играат како да вредат 130 милиони. Оние кои ги плати по 75 милиони фунти сега вредат по 150 милиони фунти. На другата страна, останатите клубови купуваа фудбалери за по 130 милиони, кои сега вредат по 30 милиони. Нормално дека не го сакам ова, не сакам да го видам повторно бидејќи низ детството бев сведок на бројни ситуации да следам прослави на Ливерпул. Сепак, на шампионите мора да им се честита“, порача Гери Невил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА