Извесен Џереми е најсреќниот навивач на Светското фудбалско првенство. Како и не би бил кога натпреварите од Мундијалот му донесоа добивка од 260.000 евра на ливче од 80 евра!
„Го погледнав ливчето едно 300.пати. Тоа не беше можно. Дури и кога Колумбија водеше со 3-0 не бев мирен. Кога конечно беше се готово, бев многу среќен“ – изјави германскиот навивач за телевизијата БФМ.
На една француска он-лајн обложувалница, Џереми уплатил ливче со резултатите од 12 натпревари на СП, платил 80 евра и на крај добил – 259.532,09 евра!
Не се знае колку нерви го чинело ливчето, но Германецот дефинитивно имал многу среќа бидејќи на три од пишаните натпревари головите паднаа во последните минути, па тој посебно им се заблагодари на Крос, Кутињо и на Шаќири.
Ова се 12 двојки што на германскиот навивач му донесоа четврт милион евра:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА