Германецот Брих, главен судија на финалето во ЛШ

Феликс Брих ќе ја има честа да биде главен судија на големото финале од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид што ќе се игра на 3 јуни во Кардиф. УЕФА на дваесетина дена пред почетокот на овој дуел го објави името на судијата, кој за првпат ќе има можност да ја дели правдата на дуел што ќе претставува битка за врвот на Европа. Претходно, тој беше главен судија на финалето од Лигата на Европа во 2014 година меѓу Севилја и Бенфика, на кое одлично си ја заврши задачата.Германецот сезонава веќе судеше пет натпревари од елитното европско натпреварување, а на Јувентус му судеше во осминафиналето против Порто, кога на мечот одигран во Португалија сосема заслужено му покажа црвен картон на Алекс Телеш.Тој го водеше четвртфиналето во 2015 година меѓу Реал и Атлетико Мадрид, на кој „кралевите“ славеа со 1-0 со голот на Чичарито, а црвен картон заработи Арда Туран.УЕФА воедно објави и дека Словенецот Дамир Скомина ќе биде главен судија на финалето од Лигата на Европа меѓу Ајакс и Манчестер јунајтед што ќе се игра на 24 мај во Стокхолм.

Се вчитува...