Германија без главниот напаѓач против Холандија

Германскиот напаѓач Никлас Фуелкруг ќе го пропушти вечерашното дерби против Холандија од Лигата на нации, пренесува Билд. Веста малку подоцна ја потврди и Германскиот фудбалски сојуз кој соопшти дека играчот веќе го напуштил кампот на тимот и ќе отпатува назад во Лондон.

Репрезентативецот на Вест Хем заработи проблем со Ахиловата тетива уште од натпреварот против Унгарија , што го влоши на синоќешниот тренинг во Амстердам. Поради повредата тој се врати во соблекувалната само 15 минути по почетокот на тренингот заедно со тимскиот лекар Јохен Хане. Набргу потоа тој повторно излезе, гледаше од клупата и малку разговараше со докторот и спортски директор Руди Фелер.

Фулкруг допрва треба да постигне гол за својот нов клуб Вест Хем , но тој постигна два гола во победата од 5-0 на Унгарија на ЕП 2024. Има 14 гола во 22 настапи за националниот тим.

Се вчитува...