Фудбалската репрезентација на Германија со стил го почна својот поход кон петиот трофеј на Светските првенства откако вечерва во премиерниот меч од Е сегментот славеше над дебитантот Курасао со убедливи 7-1.
Германците поведоа со голот на Нмеча по една одлична акција со Вирц уште во 6. минута. И кога се чинеше дека ќе ја довршат работата и ќе одат кон убедлива победа, Курасао успеа да израмни. Комененсија успеа со помош на Кимих да го изненади Нојер, и да донесе историски прв гол на Курасао на Мундијалите.
Германците се „мачеа“ 17 минути, се до 38. минута кога Шлотербек со глава по нафрлената топка од корнер на Браун, да погоди во мрежата на аутсајдерот и да донесе нова предност за „панцирите“. До крајот на полувремето Германија тргна и по трет гол, а потоа се изборија за пенал. Базоер стартуваше над Нмеча, и беше досуден удар од 11 метри. Каи Хаверц успеа погоди и да донесе предност од 3-1 на полуфремето за Германците.
Во вториот дел голови посгигнаа и Мусиала, Браун, Ундав И Хаверц По вторпат за конечни 7-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
