Германија елиминирана од фудбалскиот олимписки турнир (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Германија е елиминирана од турнирот на Олимписките игри во Токио откако во последното коло само ремизираше со Брегот на Слоновата Коска 1-1. Африканската репрезентација поведе со автоголот на Хенрих во 67. минута, а до крајот Германија успеа само да израмни преку Левен во 73. минута.

Во вториот натпревар од групата Д Бразил славеше над Саудиска Арабија со 3-1. Во четвртфиналето од овој сегмент ќе одат Бразил и Брегот на Слоновата Коска.

 

Се вчитува...