Германија ја совлада Австрија и осигура билет за ЛОИ во Париз

Ракометната репрезентација на Германија обезбеди пласман на Летните олимписки игри 2024 во Париз откако славеше и во квалификацискиот натпревар против Австрија со 31-34 заверувајќи ја втората позиција на табелата во групата „2“.

Германците стекнаа предност од три гола уште во првото полувреме и истата ја задржаа и во вторите 45. минути.

Претходно Германија во првото коло славеше убедливо против Алжир, потоа загуби од Хрватска, а со денешната победа над Австрија го потврди и учеството на Хрватите на Олимписките игри.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...