Германија преку Алжир до виза за ЛОИ во Токио

Ракометарите на Германија го потврдија своето учество на Летните олимписки игри во Токио, откако во последното коло од квалификациите рутински славеа над Алжир со 26-34. Германците уште од самиот старт го наметнаа темпото и на полувреме заминаа со предност од плус три 14-17. Во вториот дел разликата само растеше за конечни 26-34.

Вечерва од 18:15 Шведска и Словенија во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за вториот патник од групата на 3 на игрите во Токио. Словенците само со победа над големиот ривал ќе се пласираат на ЛОИ.

Се вчитува...