Раното испаѓање на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе има значителни финансиски последици за Германскиот фудбалски сојуз, објави германската новинска агенција ДПА.
Според Штефан Грунвалд, финансискиот директор на сојузот, се очекува дефицит од 9,4 милиони евра.
„Планираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, конечниот резултат ќе можеме да го потврдиме дури наесен“, изјави Грунвалд за спортскиот неделник „Кикер“.
Премиите за репрезентацијата би се исплатиле само доколку тимот се пласираше во осминафиналето, а сојузот ја зел предвид можноста за рано испаѓање при изготвувањето на буџетот. Германските фудбалери беа елиминирани од овогодишното Светско првенство во шеснаесеттинафиналето, откако Парагвајците беа поуспешни во изведувањето пенали.
Проценката на дефицитот во моментов не ги вклучува трошоците за промена на стручниот штаб. По неуспехот на првенството, соработката со Јулијан Нагелсман заврши, а ДФБ предупредува дека пресметката не ги вклучува отпремнините за актуелниот стручен штаб ниту каква било компензација за ангажирање нов тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
