Германија во Дуисбург ќе ја пречека Македонија во квалификациите за СП 2022

Германија ќе ја пречека Македонија во Дуисбург во квалификациите за пласман на СП 2022 во Катар, одлучи Германската фудбалска федерација.

Натпреварот ќе се игра на 31. март следната година и тоа ќе биде првото гостување на македонската сениорска репрезентација на Германија во историјата. Домаќин ќе биде „МСВ арената“ во Дуисбург која е со капацитет од 31.500 седишта.

Неколку денови претходно Германците ќе го пречекаат и Исланд исто така во Дуисбург.

Се вчитува...