Ракометарите на Швајцарија пропуштија да стигнат до голема победа во квалификациите за ЕП 2026 година откако вечерва на домашен терен ремизираа против фаворизираната Германија 32-32.
Швајцарците уште од самиот старт тргнаа подобро. Успеваа да го диктираат ритамот и на пауза да заминат со позитива од три гола 14-11. Во вториот дел Швајцарците успеаја да ја чуваат ова предност се до самиот финиш на мечот, кога Германците со фуриозна завршница успеаја да извлечат бод (32-32). Ноам Леополд со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кнор заврши со шест гола.
Во останатите мечеви одиграни денеска: Литванија – Словенија 28-31, Словачка – Унгарија 24-39, Турција – Австрија 29-34, Луксембург – Чешка 22-35.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА