Германска машина: Тони Крос во најголемото дерби на планетата – само еднаш грешно додаде

Реал Мадрид по четири години успеа да слави на „Сантијаго Бернабеу“ против Барселона, а ја доби битката на средината на теренот. Фантастичен беше германскиот интернационалец Тони Крос, кој заедно со Иско и со Валверде ги држеше конците на „кралскиот клуб“. Статистички Крос беше речиси безгрешен во најголемото фудбалско дерби на планетата.

Германецот имаше 66 додавања на „Ел Класико“, а погреши само еднаш. Неговата прецизност беше 98,5%, а беше и асистент на првиот погодок на Виницус Жуниор во 71.минута од мечот.

Се вчитува...