Германски медиум јавува за состојбата на Шумахер: „Конечно напредок“

Поранешниот шеф на Ферари Жан Тод, се смета за еден од најголемите пријатели на Михаел Шумахер. Тој е еден од ретките кој има дозвола да го посетува поранешниот возач на Формула 1, кој пред девет години имаше несреќа на скијање на француските Алпи. Децата и сопругата на Шумахер не говорат јавно околу здравствената состојба на седумкратниот Ф1 шампион, но Тод понекогаш кажува некоја нова информација.

Германскиот портал „Ин Тач“ носи нови информации за Шумахер со наслов „Конечно напредок“. Ова Тод им го кажа за Михаел:

„Тој е и натаму во мојот живот. Многу е внимателен, тука е, и се бори“, рече Тод кој кажа дека неговото семејство и натаму има надеж.

Корина, сопругата на Шумахер кажа дека и натаму заедно се лекуваат, и дека семејството прави се за Шумахер да се чувствува подобро.

Целиот текст во германскиот медиум може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...