Германците ја „демолираа“ Холандија за четвртфинале на СП 2023

Ракометарите на Германија ја оправдаа фаворитската улога убедливо триумфирајќи против Холандија со 33-26 во вториот натпревар од Групата 3 во главната фаза на СП 2023, на тој начин обезбедувајќи си мундијалско четвртфинале.

Холанѓаните единствено успеаја да одиграат повеќе или помалку рамнопрамно полувреме во кое по првите 30 минути имаа негатива од три гола (12-15), а во второто полувреме беа целосно „демолирани“ од Германците кои на моменти имаа и 8-9 гола разлика.

Со оваа победа Германија се приклучи на Норвешка од оваа група во четвртфиналето на Мундијалот.

Данска исто така без никакви проблеми триумфираше со 33-24 против САД во Групата 4, со што веќе се на само мал чекор до официјализирање на местото во четвртфиналето.

Се вчитува...