Германците повеќе уживаат во антика отколку во фудбал

Падот на гледаноста на германската репрезентација добива нови размери. На пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Чешка, во кој Германците славеа со 1-0, имал помала гледаност од популарна телевизиска емисија за продажба на антиквитети.

Според истражувањата во Германија само 5,42 милиони Германци, односно 18,2 проценти го проследиле дуелиот помеѓу овие две репрезентации на телевизијата РТЛ. Според издавачката куќа ова е најмалата гледаност на натпревар на кој настапила германскта фудбалска репрезентација во последните 20 години.

Истовремено, популарната емисија за продажба на антиквитети „Барс фур Рерс“ ја проследиле 5,45 милиони Германци.

Се вчитува...