Германците со шестоцифрена премија за злато на СП во Франција

mec baner

Дагур Сигурдсон и неговите избраници во репрезентцаијата на Германија ќе добијат премија од 250.000 евра ако го освојат „златото“ на СП во Франција и го повторат успехот што го направија лани на ЕП во Полска на кое станаа европски шампиони.

Потпретседателот на Германската ракометна федерација (ДХБ), Боб Хенинг, ја откри сумата за ветената премија по втората победа на Германците на СП во Франција.

Бидејќи Дагур Сигурдсон на СП во Франција носи 15 играчи, ако станат светски шампиони, секој играч би добил околу 16.666 евра. Премијата на Германија за сензационалната титула на ЕП во Полска беше 200.000 евра. Тогаш секој од 18 членови на репрезентацијата доби по 11.111 евра.

На СП во Франција, Германија е во групата Ц во Руен заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Белорусија, Чиле и С.Арабија. Во првите два меча, Германците ги победија Унгарија и Чиле.

Се вчитува...