Бил Расел ќе остане запомнет како еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигатa кој имаше клучна улога во надминувањето на расната сегрегација. Легендарниот кошаркар на Бостон кој ги постави темелите на модерната ера во најсилното кошаркарско првенство почина во 88-та година од животот, а во негова чест ќе биде повлечен од употреба бројот „шест“.
Кошаркарите кои веќе го носат овој број, како Леброн Џејмс ќе можат да продолжат да настапуваат под истиот, но во иднина нема да му биде додолен на ниту еден друг играч.
The life and legacy of 11-time NBA champion and civil rights pioneer Bill Russell will be honored by retiring his uniform number, 6, throughout the league. The iconic Naismith Memorial Basketball Hall of Famer will be the first player to have his number retired across the NBA. pic.twitter.com/OSVx02bQDl
— NBA (@NBA) August 11, 2022
Со 11 освоени прстени, Расел е најдобриот играч во историјата на НБА лигата. Пет пати ја освојуваше и наградара за МВП во НБА лигата, а 12 пати беша и НБА Олстар играч. Двапати во својата кариера беше и колеџ-шампион, а во кариерата постигна 14.522 поени, 4100 асистенции и 21.620 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА