Гетлин: Да не сонувам? Дали навистина го победив Болт?

Џастин Гетлин, „грешното момче“, како што многумина го нарекуваат, го грабна златниот медал во трката на 100 метри и со 35 години стана нов светски првак. Во финишот успеа да го мине својот сонародник Кристијан Колмен и да го издржи притосокот од легендарниот Усаин Болт, кој имаше повторно лош старт, како и во полуфиналето.

„Да не сонувам? Навистина ли го победив Болт? Го сторив тоа за себе, за моето семејство, за мојот тренер и за мојата држава. Не мислев дека ќе станам светски првак на 35 години. Дојдов да се забавувам и да видам колку можам, и уживам во секој момент. За Болт имам само зборови за величење. Тој е легенда, со сигурност е најбрзиот човек во историјата“, изјави Џастин Гетлин по изненадувачкиот триумф во трката на 100 метри на СП во Лондон.

 

Се вчитува...