Гевгелија сака кошарка, Македонија „лета“ кон првото место (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Втор натпревар и втора победа во Гевгелија. Градот кој ја сака кошарката е среќен и за репрезентацијата. Победа над Норвешка, одлична игра во одбрана и Македонија сега се доближува до првото место во претквалификациите.

На крајот убедлив триумф од 58-36, Норвежаните беа добро чувани, постигнаа мал број на поени и тоа беше клучно за триумфот на Македонија, против досега непоразената Норвешка.

Добрата одбрана во најголемиот дел од мечот го сопре течниот напад на скандинавците кои немаа отворени обиди за три поени па не реализираа ниту еден од 20 обиди. По 30. минути игра гостите сеуште ја немаа надминато гранцата од 30 постигнати поени, а контролата на скокот не донесе поени од втора шанса за комотна победа од огромно значење.

Се вчитува...